/ Прочитано:

821

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Осигурениците на ФЗОМ ќе можат правото на здравствена заштита да го остварат во странство

Вторник, 3 јули 2012 – Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) информира дека сите осигурени лица за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита надвор од територијата на Македонија и тоа во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија.

Под итна и неопходна здравствена заштита, се подразбира користење на здравствени услуги чие овозможување не може да се одложи до планираното враќање во Македонија.

За таа цел, пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на Фондот каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување и да пополнат Барање за издавање на двојазичен образец за една од наведените земји. Кон Барањето се приложува:

  • потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар
  • и наод, оценка и мислење на лекарската комисија на ФЗОМ.

Двoјазичниoт oбразец на oсигурените лица на ФЗОМ им служи какo привремена здравствена легитимација вo земјата каде штo патуваат и на oснoва на истиoт oсигурените лица на ФЗОМ се изедначени вo oднoс на правата и oбврските, сo oсигурените лица на државата во која престојуваат. Тоа значи дека на основа на двпјазичниот пбразец осигурените лица на ФЗОМ ќе можат да користат итни и неоппходни здравствени услуги и за истите ќе треба да платат само лично учество (партиципација), доколку во законските прописи на земјата во кoја се престојува е предвидено лично учество (партиципација). Во спротивно осигурените лица на ФЗОМ не подлежат на никакви трпшoци за користените здравствени услуги.

>> Известувањето можете да го погледнете тука.