/ Прочитано:

863

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Последен ден за поднесување Годишна даночна пријава во УЈП

Петок, 15 март 2013 – Денеска е последниот ден за граѓаните да ги пријават дополнителните приходи во Управата за јавни приходи. Од вкупно 200 илјади граѓани, заклучно со вчерашниот ден, 130 илјади ја исполниле својата обврска.

Годишна даночна пријава треба да поднесе секој граѓанин кој освен платата или пензијата, остварил и друг дополнителен приход во текот на 2012 година.

Даночната пријава може да се поднесе на шалтерите во сите даночни канцеларии од 08.30 до 16.30 часот и преку мобилните даночни шлатери. Контакт центарот на УЈП  лоциран во Градскиот трговски центар во Скопје врши прием на пријави од 9 до 20 часот.

Оние кои нема да поднесат, можат да заработат глоба од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.