/ Прочитано:

1.709

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Промени во аплицирање и закажување интервју за неимигрантски визи во САД

Петок, 30 ноември 2012– Од 3 декември ќе се спроведува нов начин  за аплицирање и закажување на интервјуа за добивање неимигрантски визи, информираат од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија. 

Согласно новите промени, апликантите повеќе нема да треба да купуваат ПИН број како дел од процесот на аплицирање. Но апликантите и понатаму ќе треба да платат за административната таксата за виза (позната и како МРВ такса), но на нови, попрактични можности за плаќање на таксата. Исто така, добиените визи ќе можат да се подигнат на повеќе локации низ државта без дополнителни трошоци. 

Комплетни информации за  визи, плаќањето на МРВ такса и закажување на термин за интервју ќе може да се направат на три начини:
  • електронски, на новата интернет страница, http://usvisa-info.com, 
  • на телефонските броеви (+389) 2 317 1042 во Македонија, или (703) 439-2346 во САД и
  •  преку Скајп на usvisamacedonia. 
Административната такса за виза ќе може да се плати електронски или телефонски, со Мастеркард или со Виза кредитна картичка. Исто така, може да се плати и лично во денари, во секоја филијала на Комерцијална банка. Апликантите кои сакаат да платат во денари мора прво да се логираат на http://usvisa-info.com за да го отпечатат ливчето за депозит.
Повеќе детали околку започнувањето на процесот за аплицирање за неимигрантски визи сите заинтересирани можат да добијат на информативен сервис за визи на веб адресата или на броевите наведени бо текстот погоре.
Во почетниот период, телефонскиот сервис за информации ќе биде достапен со продолжено работно време од 07:00 до 21:00 часот по локално време, секој ден од понеделник до петок. По 60 дена од воведувањето на промените, ќе се применува редовното работно време. Од  амбасадата апелираат пред да се закаже термин да се пополни апликацијата за виза и да се плати таксата.
Од американската амбасада информираат дека сите оние веќе кои почнале со процесот на закажување, нема да бидат оштетени со престојните измени, туку само треба да пратат  имеил на consularskopje@state.gov.