/Прочитано:

388

Шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Министерството за правда

Министерката за правда, Рената Дескоска, се сретна со делегацијата на Мисијата за набљудување на претседателските избори 2019 ОБСЕ/ОДИХР, предводена од шефицата на мисијата, Корин Јонкер.

„На средбата се водеше разговор околу законската рамка што го уредува спроведувањето на претседателските избори. Министерката Дескоска истакна дека Министерството за правда ѝ стои на располагање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и изрази подготвеност да ги имплементира препораките на ОДИХР“, информираат од Министерството за правда.

Вчера шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР оствари средба и со претседателот на Владата, Зоран Заев, на која беше изразена согласност за важноста на извештајот што ќе го изготви ОБСЕ/ОДИХР за претстојните избори, со оглед дека земјата очекува почеток на преговорите со Европската Унија и отворање на поглавјата.

Набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР внимателно ги следат процесите и активностите и работата на институциите, известувањето на медиумите за време на кампањата, вклучително и мониторинг на денот на изборите, соработувајќи со делегации на набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа.

М.В