/ Прочитано:

995

Шпанската полиција уапсила 25 дилери што го финансираат „Земунскиот клан“

Понеделник, 12 ноември 2012 – Шпанската полиција открила мрежа на дилери осомничени дека ја финансираат српската мафијашката организација „Земунски клан“. Уапсените се обвинети за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ што се случи во 2003 година. 

Лука Бојовиќ, актуелен шеф на „Земунскиот клан“

Агентите на националната полиција ја откриле организацијата која го финансира „Земунскиот клан“ благодарение на трите плантажи за производство на марихуана пронајдени на Канарските осторви. На плантажите биле засадени преку 700 стебла на марихуана. Во текот на операцијата уапсени се 25 лица меѓу кои 17 на подрачјето на Лас Палмас и 8 лица на подрачјето на Аликантеа, се наведува со соопштението на шпанската полиција.

Во текот на акцијата, во две банки се пронајдени и запленети 840.000 евра. Пронајдени се и луксузни часовници, кокаин и како што наведува полицијата, релевантни документи.

Полицијата кај Аликантеа во февруари оваа година го уапсила Владимир Милисављевиќ, кој во отсуство е осуден на 35 години затвор. Полицијата неодамна го уапсила и Лука Бојовиќ, актуелниот шеф на „Земунскиот клан“. Бојовиќ  во Шпанија се криел од 2010 година кога во Загреб бил уапсен Сретко Калиниќ под сомнение за серија кривични дела. 

За „Земунскиот клан“, Шпанија од поодамна била база за кривични дела. Бојовиќ во Шпанија ги криел избеганите припадници на „Земунскиот клан, по убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ  и оттаму раководел со целата организација. Под негова заштита биле Калиниќ и Милош Симовиќ кој е уапсен во 2010 година, неколку дена по апсењето на Калиниќ.

Во Шпанија живеела и неговата сопруга Барбара, минатата година отворила слаткарница во Валенсија. Таа заедно со неговиот брат Никола се уапсени минатиот месец, а од пред неколку дека се пуштени на слобода.

>> Во Шпанија уапсени припадници на Земунскиот клан