/ Прочитано:

1.226

Шпанскиот Уставен суд ја суспендираше Резолуцијата на Парламентот на Каталонија за референдум за сецесија

Уставниот суд на Шпанија притоа ги предупреди политичарите во Каталонија дека нивна должност е да го запрат и да го блокираат секој потег со кој би се игнорирала суспензијата. Во спротивно, како што се наведува во соопштението на Уставниот суд на Шпанија, политичарите во Каталонија ќе ја сносат целата одговорност, а може да бидат и кривично гонети.

Шпанија суд

Уставниот суд во Шпанија денеска ја суспендираше Резолуцијата на Парламентот на Каталонија за референдумот за отцепување на овој североисточен регион од Шпанија.

Во соопштението на Судот се наведува дека се суспендира Резолуцијата на Парламент на Каталонија со која се планира референдум за сецесија во 2017 година. Уставниот суд на Шпанија притоа ги предупреди политичарите во Каталонија дека нивна должност е да го запрат и да го блокираат секој потег со кој би се игнорирала суспензијата. Во спротивно, како што се наведува во соопштението на Уставниот суд на Шпанија, политичарите во Каталонија ќе ја сносат целата одговорност, а може да бидат и кривично гонети.

Ваквата одлука на Уставниот суд на Шпанија е последна во правната битка меѓу владите во Барселона и во Мадрид кои поднесоа барање за преиспитување на легалноста, односно уставноста на референдумот.

Владата на Шпанија смета дека ниту отцепување, ниту референдум за отцепување не се дозволени според Уставот на државата.

Поранешниот каталонски претседател Артур Мас сега се соочува со можноста за десетгодишна забрана за извршување на јавна функција поради тоа што пред две години, односно во текот на 2014, организираше референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија, односно за создавање независна и суверена држава Каталонија.

А. Б.