/ Прочитано:

1.280

Штетата од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ изнесува 8 500 евра

Бидејќи примероци од вештиот наод и мислење денеска им беа доставени на Судот и на одбраната на обвинетите, судијката Весна Петровска-Тагасовска, која го води предметот, на барање на адвокатот Владимир Данаилов го одложи и денешното рочиште со цел одбраната да изврши увид.

Протести

Вкупната штета од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите на 13 април, според вештиот наод и мислење кој го изработил Бирото за судски вештачења, изнесува 522 илјади денари.

Како што информираше застапникот на Државното правобранителство денеска во Кривичниот суд на рочиштето за првите демонстранти обвинети за демолирање на Народната канцеларија, вкупното отштетно побарување изнесува 522 илјади денари или 8 500 евра, од кои:

  • износот од 232 илјади денари се однесува на причинетата штета на вкупната вредност на предметите според нивната вредност во моментот кога е направена штетата и која е потребна за Канцеларијата да се доведе во првобитната состојба и
  • износ од 289 илјади денари проценета штета на вкупната вредност на оштетените и исчезнати предмети.

Бидејќи примероци од вештиот наод и мислење денеска им беа доставени на Судот и на одбраната на обвинетите, судијката Весна Петровска-Тагасовска, која го води предметот, на барање на адвокатот Владимир Данаилов го одложи и денешното рочиште со цел одбраната да изврши увид.

Данаилов најави дека ќе побараат второ вештачење на штетата и дополнително ќе се произнесат во однос на наводите на Државното правобранителство.

Рочиштето е одложено за 20 мај.

Основното јавно обвинителство Скопје во обвинителниот предлог има пријавено штета од 880 илјади денари. Истата штета се споменува во два предмети кои се водат против демонстрантите што се товарат за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Покрај двајцата демонстранти Филип Наковски и Никола Аризанов, денеска во Судот беа спроведени и членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, кои во присуство на своите бранители треба да извршат увид во доказниот материјал кој го понуди Основното јавно обвинителство Скопје, односно во снимките од две ДВД од ноќта кога на протестите, како револт од одлуката за аболиција, беше демолирана Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

Судењето за Савески и Куновски е закажано за 19 мај.

М. С.

И Државното правобранителство ја потврди штетата од 880 илјади денари за демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ

ЕДЕН МЕСЕЦ ПО ПРОТЕСТИТЕ: Сè уште не е започнат ниту еден процес против демонстрантите