/ Прочитано:

1.216

Што е валутен ризик и како да се заштитите

Народната банка објави нов текст од серијалот текстови Економија за секого: Што е валутен ризик и како да се заштитите?

Постојат повеќе алтернативи во кои може да се инвестираат расположливите средства. Вообичаено, инвеститорите практикуваат вложување на расположливите средства во различни инвестиции заради диверзификација на ризикот. Општо земено, овој пристап на распределба на паричните средства во различни инвестиции, во основа, треба да овозможи намалување на вкупниот ризик на инвестициите. Многу често, оваа диверзификација се однесува на комбинација на инвестиции во домашната валута наспроти инвестиции во странска валута. Кај нас, ова е особено случај кај депозитите, каде што покрај депозити во денари, населението држи и депозити во странска валута, најчесто во евра. Штедењето во странска валута, најчесто мотивирано од потребата за диверзификација, а кај нас и од навиките од минатото, е поврзано со посебен вид ризик – валутниот ризик.

Валутниот ризик претставува ризик од евентуална промена на девизните курсеви, којашто особено доаѓа до израз при различна валутна структура на средствата и обврските, односно на расположливите парични средства и побарувања, наспроти обврските и долговите за плаќање. Во овој контекст, постои посебна регулатива за банките којашто се однесува на нивната изложеност на валутен ризик, со цел да се ограничат евентуалните неповолни последици од валутна неусогласеност на нивните средства и обврски.

Целосниот текст е достапен на следниот линк.