Што се предвидува со измените на Законот за здравствена заштита
Со предвидените измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, предвидени се повеќе новини. Измените на Законот предвидуваат:
- Лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа ќе може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион.
- Се создаваат можности во рамки на мрежата на здравствени установи, дејноста на итна медицинска и стоматолошка помош и домашно лекување, како и земање и пресадување на делови од чеовековото тело заради лекување, да ја вршат и приватни здравствени установи, покрај јавните здравствени установи, со цел да воспостави поефективен систем на итна медицинска помош, како и да се усогласи ЗЗЗ со Законот за земање и пресадување на делови од човековото тело заради лекување.
- Од крајот на следната година, општите лекари вработени во здравствените домови, и педијатрите и гинеколозите вработени во болничкиот сектор, ќе може да бидат и матични лекари, согласно дефицитот од тие матични лекари, во различни региони од државата, што ги утврдува Министерството.
- Во ординациите на матичните лекари, пациентите остануваат во истата ординација доколку нивниот матичен лекар се пенизонира, или го напушти тоа работно место. Со тоа пациентите лесно продолжуваат да се лекуваат во веќе избраната ординација.
- На веќе вработените лекари, за шест месечен стаж, како услов за специјализација се смета и времето поминато во здравствената установа каде се вработени.
- Законот за првпат го регулира и вклучувањето на граѓанските организации во системот на здравствена заштита. Врз основа на позитивните искуства од соработката со граѓанските организации за одредени здравствени сервиси, се дава можност здруженијата на граѓани да можат да спроведуваат одредени мерки и активности од здравствената дејност за ранливи и тешко достапни групи население коишто се од посебно значење за јавното здравје.
Утврдени измените на Законот за здравствена заштита
М.В