/Прочитано:

597

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Во Договорот со Грција има членови и за употребата на придавките. Придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции, се вели во Договорот, ќе биде во согласност со официјалното име на Втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“.

Други употреби на придавката, вклучително и употребата на придавката во однос на приватни ентитети и актери, кои не се поврзани со државата и јавните ентитети, кои не се основани со закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за активности надвор од државата, можат да бидат во согласност со член 7, став (3) и став (4), во кои се предвидува:

„3. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2).

4. Втората страна изјавува дека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата јужнословенски јазици. Двете страни изјавуваат дека официјалниот јазик и другите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна“.

Употребата на придавката за активности, се вели понатаму во Договорот, може да биде во согласност со член 7, став (3) и став (4). Ова не влијае врз процесот воспоставен според член 1, став 3 (ж) и врз постојните сложени имиња на градовите на датумот на потпишување на оваа спогодба.

Во овој став се вели дека во врска со договореното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуриран и дијалог во добра волја, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво.

За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската Унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО. Оваа група експерти ќе се формира во текот на 2019 г. и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Ниту една одредба од член 1, став 3 (ж) нема да влијае врз сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја.

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција

М.В