Што се пропишува во измените на Законот за ДДВ и на Законот за акцизи
Измените на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизите се на дневен ред на собраниската седница.
Со членoт 1 од Предлогот на Законот за измени на Законот за ДДВ се уредува местото на прометот со природен гас и електрична енергија прометот со топлинска енергија или енергија за разладување.
Со членoт 2 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дава можност на Владата на Република Северна Македонија да го ослободи прометот со право на одбивка на претходен данок на производите за човечка исхрана, за определен временски период во определени услови.
Со членoт 3 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дава можност на Владата на Република Северна Македонија да го ослободи увозот со право на одбивка на претходен данок на производите за човечка исхрана, за определен временски период во определени услови.
Со предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се ослободува од данокот на додадена вредност увозот на природен гас и електрична енергија преку систем за пренос.
Со членот 4 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дава можност на Владата на Република Северна Македонија да примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.
Со членот 5 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дополнува делот за даночен должник со што се вклучуваат и даночниот застапник како и оданочивиот трговец.
Со членот 6 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 годин.
Со членoт 7 од Предлогот на Законот се пропишува примената на повластена даночна стапка од 10% за електричната енергија за домаќинства да важи од 01.01.2023 до 30 06.2023 годин.
Со измените на Законот за акцизите, по искучок од постојното законско решениe пропишано во член 92 од Законот за акцизите се предлага да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие нафтени деривати на светските берзи.