/ Прочитано:

672

Силјановска – Давкова: Оставката се доставува во писмена форма, а Собранието без претрес ја констатира

„Јас, во рамките на професијата, потсетувам дека ОСТАВКА не се поднесува усмено, на телевизија. Може да се најави емотивно, како резултат на вознемирената совест, но се доставува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да биде придружена со образложение (член 93, став (3) од Уставот и член 219, став (1), (2), (4) и член 220 од Деловникот. Личниот печат е нејзино основно обележје. Затоа, претседателот на Собранието, ВЕДНАШ ја доставува до пратениците и до Претседателот на државата, а Собранието, на првата наредна седница, без претрес, КОНСТАТИРА ДЕКА МАНДАТОТ НА ПРЕМИЕРОТ МУ ПРЕСТАНУВА“, истакнува професорката по уставно право и пратеник во Собранието, Гордана Силјановска – Давкова, а во врска со најавената оставка од претседателот на Владата.