/ Прочитано:

962

Ситроен, Пежо, Шкода или Шевролет? – Денеска ќе се бираат новите полициски возила

Понеделник, 17 јуни 2013 – Eлектронската аукција на која ќе се дознае кој ќе биде идниот добавувач на 100 возила во полициска изведба ќе се одржи денеска попладне во Министерството за внатрешни работи.

Како што вчера изјави, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, аукцијата следи откако Комисијата за јавни набавки при МВР завршила со оценката на пристигнатите понуди.

На тендерот понуди доставија четири компании – „Автонова“ понудила возило „Ситроен Ц1Икс“, „Еуроимпекс“ возило марка „Пежо 107 акцес“, „Порше Македонија“ доставила понуда за „Шкода сити гоу“ и „Автомакедонија“ понудила „Шевролет спарк“. Првичната понудена вкупна цена на возилата се движи од 47 милиони денари до 65 милиони и 800.000 денари.

Пред неколку месеци МВР набави 150 нови полициски возила од брендот „Шкода јети.