/ Прочитано:

1.585

СЈО бара определување мерки на претпазливост за две осомничени лица во случајот„Тендери“

„Во текот на вчерашниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Тендери“, поднесен е предлог за определување мерки за претпазливост за две осомничени лица, со кој е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, секој вторник, во 10:00 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Воедно, за двете осомничени лица е побарано и определување на мерка претпазливост одземање на патна исправа поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство“, се вели во соопштението на СЈО.

Основен суд Скопје 1 Скопје

За министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, првоосомничена и за уште едно лице во случајот „Тендери“ Специјалното јавно обвинителство бара од Кривичниот суд изрекување мерки за претпазливост, откако претходно СЈО соопшти дека нема да бара притвор.

„Во текот на вчерашниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Тендер“, поднесен е предлог за определување мерки за претпазливост за две осомничени лица, со кој е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, секој  вторник, во 10:00 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Воедно, за двете осомничени лица е побарано и определување на мерка претпазливост одземање на патна исправа поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство“, се вели во соопштението на СЈО.

Кривичниот суд денеска соопшти дека предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост е распореден кај судија на претходна постапка, кој треба да ги повика лицата на кои се однесува предлогот за да се произнесат во врска со него.

Специјалното јавно обвинителство вчера отвори две нови истраги.

Канческа-Милевска е осомничена во случајот „Тендери“ бидејќи без почитување на Законот за јавни набавки и без спроведување на јавно наддавање склучила договор со изведувач за дополнителни градежни активности на Музејот на ВМРО. Тендерот бил во корист на градежната фирма АД „Бетон-Штип“, а со овој договор бил оштетен државниот буџет во износ од 1 милион вера.

Во вториот случај „Топлик“ првоосомничен е поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, кој се сомничи бидејќи во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки, составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град, во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. И со овој договор, државниот буџет бил оштетен за еден милион евра.

За случајот „Топлик“ осомничени се уште пет лица, членови на Комисијата за спроведување јавни набавки при Министерството за транспорт и врски, а во случајот „Тендери“ осомничени се уште три лица  членови на Комисијата за јавни набавки при Министерството за култура.
А. Б.