/ Прочитано:

1.246

СЈО бара продолжување на мерката куќен притвор за Талески

На 16 јуни Кривичниот суд му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник, кој е првоосомничен во предметот „Транспортер“. Тој и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт.

Владимир Талески на распит во СЈО

По распитот на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, Специјалното јавно обвинителство до Кривичниот суд во Скопје доставило предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

На 16 јуни Кривичниот суд му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник, кој е првоосомничен во предметот „Транспортер“. Тој и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт.

По одредувањето на мерката притвор, Апелациониот суд одржа јавна седница на која одбраната и СЈО ги презентираа наводите во жалбата и одговорот на жалбата на решението на Кривичниот совет.

Одбраната на Талески тврдеше дека постои повреда на правото на еднаквост на оружјата бидејќи не им биле доставени никакви докази и дека против градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, се води политичка хајка.

Вчера Талески беше на распит во СЈО два и пол часа. По распитот во СЈО, Талески рече дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка врз основа на само еден снимен разговор.

„Тендерите за организирање на училишниот превоз се транспарентни и ние ќе го докажеме тоа“, истакна Талевски по два и полчасовниот распит во Специјалното јавно обвинителство.

М. С.

ТАЛЕСКИ: Тендерите во Општината се работени транспарентно и ние ќе го докажеме тоа