/ Прочитано:

1.421

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Министерката за правда, Рената Дескоска, најавува дека се подготвени законските текстови со кои ќе се предложи СЈО да биде дел од Републичкото јавно обвинителство, со посебна автономија. Законските текстови, нагласува министерката, ќе бидат ставени на јавна дебата.

Да постои единствен закон за јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО, претходно предложи и републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на една од седниците на Советот за реформи на правосудниот сектор.

„Би било убаво да постои единствен закон за јавно обвинителство, што пак подразбира дека во тој закон би се вклопил и сега понудениот Закон за Специјалното јавно обвинителство“, рече Јовески.

Инаку, кон крајот на минатата година беше објавена нацрт-верзијата на новиот Закон за СЈО, во која се предвидуваат нови надлежности на СЈО.

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

М.В