/ Прочитано:

1.113

СЈО денес ќе поднесе обвинителни предлози до Кривичниот суд за два предмети

Едниот предмет се однесува на уништувањето на документи за да се прикрие незаконското прислушување, а вториот предмет се однесува на протестите пред Општина Центар од 2013 година. Во првиот предмет се опфатени 7 лица кои се осомничени за кривичното дело фалсификување на службена исправа, а во вториот предмет 14 лица кои се осомничени за кривичното дело насилство.

20160915_110314

Специјалното јавно обвинителство, по една година од функционирањето, денес до Кривичниот суд ќе поднесе  обвинителни предлози против 21 лице за два предмети, информираа денес од СЈО.

Едниот предмет се однесува на уништувањето на документи за да се прикрие незаконското прислушување, а вториот предмет се однесува на протестите пред Општина Центар од 2013 година. Во првиот предмет се опфатени 7 лица кои се осомничени за кривичното дело фалсификување на службена исправа, а во вториот предмет 14 лица кои се осомничени за кривичното дело насилство.

Покрај тоа, СЈО информираше дека се поведени четири истражни постапки против 40 лица.

Во тек е прес-конференцијата на СЈО. Повеќе детали по завршувањето на пресот.