/ Прочитано:

1.556

СЈО го повлече барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија

„Јас како јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков Барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“, кратко појасни специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Специјалното јавно обвинителство денеска испрати поднесок до Врховниот суд на Република Македонија во кој се наведува дека го повлекува Барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија. Инаку, Јавното обвинителство на Република Македонија завчера поднело Барање за заштита на законитоста до Врховниот суд на РМ со кое бара укинување на решенијата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и на Апелацискиот суд Скопје за одредување притвор на првоосомничениот во предметот „Труст“, Сеад Кочан.

„Јас како јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков Барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“, кратко појасни специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Во поднесокот до Врховниот суд, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пишува:

„Според информациите со кои располага Јавното обвинителство за следење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, на 27.3.2017 година, Јавното обвинителство на Република Македонија поднесе Барање за заштита на законитоста во кое се бара укинување на решенијата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје КС.бр.417/17 од 7.3.2017 и на Апелациониот суд во Скопје КСЖ бр. 135/17 од 15.03.2017 со кои му е определен притвор на Сеад Кочан и се предлага предметот да се врати на повторно судење и одлучување.

Од содржината на самото Барање за заштита на законитоста, неоспорно произлегува дека овој вонреден правен лек е поднесен против судски одлуки донесени во предметот НСК-КО бр. 4/17 на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во согласност со член 5 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, исклучиво надлежен за истражување и гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за следење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, односно дека ова јавно обвинителство е единствен функционално и стварно надлежен орган кој има овластување да постапува по повод предметите кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во согласност со став 3 од истиот член, јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство е овластен да презема дејствија и да застапува по предмети пред основните, апелационите и Врховниот суд на Република Македонија.

Имајќи го предвид сето горенаведено, јас како јавен обвинител кој е исклучиво надлежен да постапува по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци, го повлекувам поднесеното Барање за заштита на законитоста КОЗ бр. 71/2017 од 27.3.2017 поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“, наведува специјалната јавна обвинителка Јанева во поднесокот до Врховниот суд на Република Македонија.

А. Б.