/ Прочитано:

1.351

СЈО и Советот на јавните обвинители разговараа за случајот „Пуч“

Како што се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители, на средбата се дискутирало по писменото барање на Советот за предавање на увид на списите по предметот познат во јавноста како „Пуч''.  Истражителите од СЈО и членовите на Советот одлучиле ваквите средби да продолжат по потреба и во иднина.

Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје денеска одржаа работна средба во врска со случајот „Пуч“. 

Како што се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители, на средбата се дискутирало по писменото барање на Советот за предавање на увид на списите по предметот познат во јавноста како „Пуч”. 

Истражителите од СЈО и членовите на Советот одлучиле ваквите средби да продолжат по потреба и во иднина.

По завршувањето на средбата, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изјави дека станува збор за работна средба на која разговарале и за проблемите со кои се соочува ова обвинителство. 

А. Б.