/ Прочитано:

1.271

СЈО ќе бара изземање на судијата кој го врати обвинителниот предлог

„Во дописот е појаснето и дека во конкретниот случај не е барана декласификација на доказите поради фактот што со декласификација предложените докази би добиле третман на информација до која се има слободен пристап, со оглед дека се работи за докази кои се поврзани со внатрешната организација и правилата на работење на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Министерството за внатрешни работи, со актот на декласификација би можеле да настанат штетни последици“, велат од СЈО.

Ленче Ристоска и Катица Јанева, прес за вториот Извештај

Специјалното јавно обвинителство најавува дека повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кои Судот денеска им ги врати.

Во писмениот допис доставен до Судот укажано е на непостоење на законски пречки судската служба да евидентира и да прима класифицирани информации и на законските обврски секој орган кој работи со класифицирани информации да обезбеди административни и човечки ресурси за работа со класифицирани информации, велат од СЈО.

„Во дописот е појаснето и дека во конкретниот случај не е барана декласификација на доказите поради фактот што со декласификација предложените докази би добиле третман на информација до која се има слободен пристап, со оглед дека се работи за докази кои се поврзани со внатрешната организација и правилата на работење на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Министерството за внатрешни работи, со актот на декласификација би можеле да настанат штетни последици“, велат од СЈО.

Воедно, во текот на денешниот ден, од СЈО побарале официјални податоци од претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за тоа кои судии се определени да постапуваат во судските предмети оформени по повод поднесените обвинителни предлози бидејќи не биле официјално информирани.

„Со оглед на фактот што од дописот доставен до ова јавно обвинителство, со кој се вратени доказите, произлегува името на судијата кој постапува по предметот, известуваме дека во текот на утрешниот ден ќе биде поднесено и барање за изземање на судијата од постапување по конкретниот предмет“, се наведува во соопштението на СЈО.

Судот ги извести медиумите дека обвинителите предлози на СЈО се распоредени кај судијките Лидија Петровска и Татјана Михајлова.

Денес Кривичниот суд му го врати на СЈО обвинителниот предлог против седум осомничени за фалсификување на службена исправа.

М. С.