/ Прочитано:

1.324

СЈО: Кога ќе имаме повисок степен на основаност на сомнението, ќе поведеме обвинение за некој од предметите

Покрај тоа, како што вели Ристоска, имаат обемен материјал од прислушуваните разговори кои ги поседуваат. Тие имаат примено 540 646 аудиозаписи. Ако се земе во просек дека еден аудиозапис трае по минута и пол, според анализите на СЈО, на 11-те обвинители, доколку слушаат вакви материјали по три часа дневно, ќе им треба повеќе од година и пол само да ги преслушаат материјалите, а за анализа на овие материјали потребно е и прибирање докази, така што роковите ги притискаат, но сепак се обидуваат да ги постигнат.

Прес Специјално јавно обвинителство предмет „Тортура“

Од СЈО се свесни дека полека истекува рокот од 18 месеци кој е законски предвиден за поведување обвинение, но велат дека интензивно работат на предистражните и на истражните постапки и во моментот кога ќе имаат повисок степен на основаност на сомнението, ќе поведат обвинение за некој од предметите што ги водат. За точниот датум или период не сакаат да прејудицираат.

Покрај тоа, како што вели Ристоска, имаат обемен материјал од прислушуваните разговори кои ги поседуваат. Тие имаат примено 540 646 аудиозаписи. Ако се земе во просек дека еден аудиозапис трае по минута и пол, според анализите на СЈО, на 11-те обвинители, доколку слушаат вакви материјали по три часа дневно, ќе им треба повеќе од година и пол само да ги преслушаат материјалите, а за анализа на овие материјали потребно е и прибирање докази, така што роковите ги притискаат, но сепак се обидуваат да ги постигнат.

„Верувам дека ќе се изнајде соодветен механизам за да се изнајде решение за тоа што е во примарен интерес на ова обвинителство, а тоа е целосно да бидат ревидирани сите прислушувани разговори и што од тие разговори треба да биде предмет на истрага“, рече Ристоска.

Таа наведува дека не може да знае дали им се предадени сите материјали.

Од друга страна, сведоци сме на изјава на министерот за внатрешни работи дека во друг предмет кој се води во ОЈО Скопје има исто така прислушувани материјали, додава таа.

„Овие материјали нам не ни се доставени, иако законот јасно предвидува дека сите незаконски стекнати прислушувани материјали се во наша надлежност. За приватните разговори кои се појавија на интернет веќе се водат предистражни постапки во кои се ангажирани домашни и меѓународни експерти со цел да се дознае од каде се тие материјали“, рече Ристоска.

Постоење на прислушувани материјали беше споменато во истрагата за случајот „Фабрика за афери“, според која, илјадници прислушувани материјали биле пронајдени кај Захир Бекири-Чауш, додека приватните разговори беа објавувани на интернет-каналот Јутјуб.

Безбедноста на обвинителите, нивните плати и селењето на Обвинителството во новите простории

Обвинителите се чувствуваат безбедни, вели Ристоска, иако постојат одредени резерви во поглед на прашањето за нивната безбедност.

„Кога ќе процениме дека постојат високи ризици за нашата безбедност, ќе бидат ангажирани дополнителни ресурси од страна на Министерството за внатрешни работи, иако сега засега се чувствуваме безбедни“, рече Ристоска.

Таа потенцираше дека МВР сè уште го обезбедува домот на ообвинителката Фатиме Фетаи.

Прес Специјално јавно обвинителство предмет „Тортура“

Ристоска потврди дека се точни информациите што излегле во јавноста дека обвинителите од СЈО земаат плата од 2 до 3 илјади евра, но вели дека платите и додатоците на плата се пресметуваат законски.

„Поради специфичноста и обемноста на работата со која се соочува ова обвинителство, обвинителите и вработените примаат и дополнителни надоместоци кои, исто така, се во рамки на законските прописи и за сè се поднесени уредни годишни даночни пријави. Сите финансиски обврски кои ги има преземено ова обвинителство се во рамки на одобрениот финансиски план од страна на Собранието и не ги надминуваат границите“, рече обвинителката.

Таа информираше дека во финансискиот план се предвидени и сите финансиски активности поврзани со реновирањето и оспособувањето на објектот во кој треба да се пресели Специјалното јавно обвинителство. Во моментов се вршат јавни набавки за негово соодветно опремување и тие очекуваат дека од септември ќе работат во објектот каде што порано се наоѓаше Агенцијата за млади и спорт.

Одбраната во предметот „ТНТ“ може да ангажира технички советници доколку не е задоволна од вештачењето од Мирослав Грчев

Во однос на вештачењето за предметот „ТНТ“, поврзан со уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, Ристоска појаснува дека вештачењето го вршел професорот Мирослав Грчев, но за тоа дознале откако го добиле вештачењето.

Во една прилика Цаноски изјави дека Грчев го вршел вештачењето кое тој го нарачал во 2011, кога се одвиваше постапката за уривање на објектот.

„Ние се обративме до Архитектонскиот факултет како институција која има вршено најмногу вакви вештачења и која ужива висок кредибилитет. Ние не определивме кое лице ќе биде побарано, туку беше оставено на самиот Факултет од рамки на вештите лица да го избере вешто лице кое ќе изврши таков тип на вештачење кое беше побарано“, рече Ристоска.

Сепак, според нив, не постојат основи ова лице да биде изземено во согласност со Законот за кривичната постапка. Таа ја повика одбраната во случајот доколку има сомневање дека вештото лице не постапило во согласност со законските овластувања, има право да ангажира технички советници во фаза на истрагата.

М. С.