/ Прочитано:

1.438

СЈО: Поднесени две обвиненија во предметот „Талир“

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денес до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе два обвинителни акти како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „ТАЛИР“.

„Од причини на целисходност, ова Јавно обвинителство ја раздвои постапката во предметот ТАЛИР, од кои причини поднесени се две обвиненија. Едниот обвинителен акт се однесува на незаконско финансирање на правното лице – политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, а вториот обвинителен акт се однесува на незаконската изградба на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“, се вели соопштението на СЈО, кое во целост може да се преземе на следниот линк.