/ Прочитано:

1.940

СЈО: Реакција на соопштението на Врховниот суд на Република Македонија

Специјалното јавно обвинителство излезе со реакција до јавноста во врска со соопштението на претседателот на Врховниот суд во кое се вели дека СЈО одбива да постапува по барање на Врховниот суд на Република Македонија.

„Со оглед на тоа што од страна на повеќе медиуми беше изразен интерес за реакција на ова јавно обвинителство во врска со денешното соопштение на Врховниот суд на Република Македонија, појаснуваме дека барањето за информација кое е упатено од страна на Врховниот суд се однесува на обезбедување информација поврзана со барање за изземање на судија од тој суд.

Во согласност со Законот за кривична постапка, во постапката за изземање на судија задолжително дејствие е прибавувањето изјава од судијата. Со оглед на тоа што бараната информација може да се добие од самиот судија за кого е барано изземањето, ова јавно обвинителство нема да обезбеди одговор, со цел да не се влијае врз исходот на постапката.

Појаснуваме дека сме свесни за итноста на постапките и дека со нашите дејствија не се одолговлекуваат постапките. Воедно апелираме за соодветна примена на начелото на итност и при постапување со барањата на ова jавно обвинителство.“

Претседателот на Врховниот суд: „СЈО одбива да постапува по барање на Врховниот суд на Република Македонија“

М.В