/ Прочитано:

1.438

СЈО: Судијата на претходната постапка сторил суштествена повреда на кривичната постапка за случајот „Тврдина“

„Нејасен е фактот дали судот ценел дека не се исполнети предусловите во однос на неуредност на предлогот за определување на мерка притвор или не се исполнети предусловите во смисла на стварната надлежност на ова јавно обвинителство, односно судот не е јасен во смисла на самото спорење и побивање на надлежноста на ова јавно обвинителство. Исто така, не е јасно кој е клучниот факт при носењето на решението истото да се отфрли, дали истиот поаѓал од неуредност или ненадлежност на ова обвинителство“, велат од СЈО.

Специјално јавно обвинителство прес за „Титаник“

За Специјалното јавно обвинителство е нејасно зошто Кривичниот суд сега ја проблематизира стварната надлежност на СЈО, а со тоа и предлогот за одредување мерка притвор за Горан Грујевски и предлогот за определување мерки за претпазливост за уште четворица осомничени во предметот „Тврдина“, кога веќе еднаш одлучувал по тие предлози пред донесувањето на аболицијата.

Според СЈО, судијата на претходната постапка сторил суштествена повреда на одредбите од Законот за кривичната постапка од чл. 415 ст. 1 т. 11 и ст. 2 од истиот член.

„Нејасен е фактот дали судот ценел дека не се исполнети предусловите во однос на неуредност на предлогот за определување на мерка притвор или не се исполнети предусловите во смисла на стварната надлежност на ова јавно обвинителство, односно судот не е јасен во смисла на самото спорење и побивање на надлежноста на ова јавно обвинителство. Исто така, не е јасно кој е клучниот факт при носењето на решението истото да се отфрли, дали истиот поаѓал од неуредност или ненадлежност на ова обвинителство“, велат од СЈО.

Понатаму, од СЈО, во својата жалба до Судот јавно објавена на нивната веб-страница, појаснуваат од каде ја црпат надлежноста над предметот „Тврдина“:

„Имено, јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување заради попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и  секако тука неизбежен дел е и случајот познат како ‘Пуч’. За сите овие дејствија судот не може да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства. Оттука, апсурдно е тврдењето на судот дека е потребно кумулативно да постои и поврзаност со неовластено следење на комуникации и кривични дела коишто директно произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите“, велат од СЈО во одговорот до Кривичниот суд кој вчера ја оспори надлежноста на СЈО за случајот „Тврдина“ бидејќи ова дело не било споменато во прислушуваните разговори.

„Впрочем, дејствијата коишто му се ставаат на товар на осомничениот Г. Г. се во насока на уништување на системите од каде што е произлезена содржината на комуникациите и од ова е многу јасно кое јавно обвинителство е надлежно за гонење на предметните кривични дела кои му се ставаат на товар на осомничениот Г. Г.“ , велат од СЈО.

„Постапката по предлог за притвор е итна и законодавецот со ниту една одредба не му дал право на судот во таква ситуација да ја утврдува надлежноста на јавниот обвинител како претходно прашање и да бара и изведува докази во таа насока. Таквиот став на судот во ситуација кога има стриктни рокови за одлучување по предлог за мерка притвор ќе доведе до апсурдни ситуации во секој предмет судот најпрвин да ја расправа надлежноста, па потоа да постапува по барањето, со извонредна можност осомничениот во меѓувреме да стане недостапен.

Поради наведените суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка во обжаленото решение, судот сосема погрешно ја утврдил фактичката состојба во делот на стварната надлежност, односно легитимираност на ова Јавно обвинителство како овластен тужител во конкретниов предмет, иако, како што наведов погоре, и во согласност со  чл. 294 од ЗКП такво право судијата на претходна постапка немал.“

Според претходно наведеното, СЈО предлага:

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје I Скопје да ја уважи жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, да го укине решението на судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје I Скопје I КОК ПП бр. 206/16 од 14.06.2016 година и предметот да го упати на повторно одлучување“, се наведува во жалбата на СЈО упатена до Кривичниот суд.

Истите жалбени елементи се наведени и во жалбата што се однесува на отфрлањето на предлогот за притвор и за останатите четворица осомничени во предметот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

М. С.

Кривичниот суд ги одбил предлогот за притвор и предлозите за мерки за претпазливост на СЈО за осомничените во „Тврдина“

СЈО ДО КРИВИЧНИОТ СУД: Предлозите за осомничените во „Тврдина“ се целосни

КРИВИЧЕН СУД: СЈО да ги уреди предлозите за осомничените во „Тврдина“