/ Прочитано:

1.323

СЈО: Судот ги замрзна сметките на „Финзи“

„Ова решение беше донесено по повод нашето барање за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правното лице во случајот „Трезор“. Појаснуваме дека нашето барање беше прецизирано во согласност со укажувањата на судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со што изразивме подготвеност за продлабочување на професионалната соработка со Судот“, велат од СЈО.

Прес СЈО за предмет „Трезор“

Во текот на вчерашниот ден судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое наложи да се запре извршувањето на финансиските трансакции на сметките на правното лице ДТУ „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

„Ова решение беше донесено по повод нашето барање за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правното лице во случајот „Трезор“. Појаснуваме дека нашето барање беше прецизирано во согласност со укажувањата на судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со што изразивме подготвеност за продлабочување на професионалната соработка со Судот“, велат од СЈО.

Покрај предлогот за замрзнување на сметките на „Финзи“, СЈО побара и определување на мерки на претпазливост за три осомничени лица и определување на мерка притвор за едно осомничено лице.

Судот сè уште се нема произнесено за барањето за определување на мерки на претпазливост, додека во петокот беше одбиено барањето за определување на мерка притвор.