/ Прочитано:

1.263

СЈО во врска со неовластениот упад во нивната електронска пошта

Во врска со снимката, денес со официјално соопштените се јавија и од СЈО, во кое е наведено дека во текот на месец декември 2015 година бил извршен неовластен упад во електронската пошта, по што од страна на СЈО биле преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронската пошта.

slika

На каналот Јутјуб во текот на вчерашниот ден беше објавена видеоснимка на која се гледа како непознато лице ја следи електронската преписка на Специјалното јавно обвинителство со новинари и со други лица кои комуницираат со СЈО. 

Во врска со снимката, денес со официјално соопштените се јавија и од СЈО, во кое е наведено дека во текот на месец декември 2015 година бил извршен неовластен упад во електронската пошта, по што од страна на СЈО биле преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронската пошта.

Во соопштението се вели дека во периодот на упадот во СЈО немало лице кое е вработено да се грижи за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не бил пријавен пред надлежните органи бидејќи во тој момент немало никаква штета од упадот, но со оглед дека со објавата на каналот Јутјуб јасно е изразена целта на упадот во електронската пошта, од СЈО известуваат дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот.