/Прочитано:

1.626

Скенирањето на мозокот може да открие потенцијални извршители на кривични дела

Во САД, за прв пат преку научни методи, односно при скенирање на мозокот, тим од невролози утврдиле разлика помеѓу луѓето што извршиле кривични дела за кои имале намера и оние што во животот направиле некој ненамерен ситен прекршок. Во статија објавена во журналот на Националната академија за науки на САД, дел од научниците изјавиле дека веруваат оти во иднина нивното откритие ќе стане предмет на правни дебати, особено при определување на вината кај потенцијалниот сторител на кривично дело, како и  тоа дека во овој момент нивните тврдења се далеку од прецизни, за да послужат како доказ во некоја кривична постапка пред судовите.

При скенирање на мозокот, невролози во Соединетите Американски Држави утврдиле разлика помеѓу луѓето што извршиле кривични дела за кои имале намера и оние што во животот направиле некој ненамерен ситен прекршок.

За прв пат преку научни методи се случува да бидат откриени намерите на луѓето, така што можеби ова ќе претставува и револуција во промената на кривичното законодавство во иднина, со додавање или измена на некои категории при определување на казните.

Во статија објавена во журналот на Националната академија за науки на САД, дел од научниците изјавиле дека веруваат оти во иднина нивното откритие ќе стане предмет на правни дебати, особено при определување на вината кај потенцијалниот сторител на кривично дело, како и  тоа дека во овој момент нивните тврдења се далеку од прецизни, за да послужат како доказ во некоја кривична постапка пред судовите.

Неврологот Рид Монтегу, кој го предводи тимот од научници, изјавил дека казната што ја добива извршителот на кривичното дело во иднина може да зависи и од неговата претходна намера да изврши некакво кривично дело, која би се утврдила преку скенирање на неговиот мозок. На пр. ако при сообраќајна несреќа, некое лице ја предизвикало намерно со цел да усмрти друго лице со директно удирање во него, казната ќе биде повисока отколку при сообраќајна несреќа од небрежност, така што кај тоа лице треба детално да се утврдат претходните намери кои тоа ги имало при извршување на кривичното дело од тој вид.

Тимот од невролози скенирале мозоци на 40 луѓе кои учествувале во експеримент, чија цел била секој од нив да префрли по еден куфер преку граница. На дел од учесниците им било кажано дека во куферите има дрога, а на дел дека во куферот има обичен багаж. При извршување на експериментот, невролозите го мереле и степенот на ризик кој се јавува при вршење на кривично дело шверцување.

По одреден период, им извршиле скенирање на мозокот со помош на техника на машинско учење, која се занимава со дизајнирање и создавање на алгоритми, кои овозможуваат подобрување на работата на компјутерските системи преку емпириски податоци добиени со механички сензори и по пат на експериментирање и набљудување.

При скенирањето, тие утврдиле дека преку одредени ќелии во мозокот, со висока прецизност може да се дознае кои од учесниците навистина ги пренеле куферите преку граница и дали некој од нив воопшто се нафатил да го стори тоа.

Поентата на ова истражување била да се види како размислува човек што досега не бил осудуван, како и да се утврди дали постои ризик за сторување на кривично дело. Научниците планираат во иднина да вршат слични експерименти на стотици доброволци и да се обидат да ја тестираат менталната состојба на една личност, покажувајќи и слики од место на кое е извршено некое кривично дело.

Ова истражување покренало интересни прашања и идни предизвици, во однос на утврдување на кривичната одговорност и вината на осомничените лица, како и прашања што ги третира кривичното право. Дел од професорите по психологија и по право на Отворениот универзитет во Милтон Кејнс во Англија го сметаат овој експеримент за фасцинантен.

С. М.

Спонзориран текст