Скопје и денеска центар на правото во Јужна Европа: Втор ден од првата регионална Конференција за управување со правни ризици
Петок, 25 октомври 2013 – Втор ден од првата регионална Конференција за управување со правни ризици која во организација на АКАДЕМИК се одржува во хотелот „Александар палас“ во Скопје. После успешниот вчерашен ден и денешниот продолжува во ист ритам: врвни светски експерти ќе ги споделат своите искуства поврзани со предвидувањето и управувањето со правните ризици.
Вториот ден од првата регионална Конференција за управување со правни ризици во организација на Академик, ќе го отвори Јан Трзасковски од Copenhagen Business School кој ќе зборува за „Правните ризици во меѓународната трговија и маркетинг“.
„Супер адвокатот“ од Њујорк, Блеин Бортник, од адвокатската компанија „Blaine Bortnick, Liddle & Robinson“, кој е специјалист за работно право осврт ќе даде на правните ризици во споровите во врска со менаџерските договори.
Македонскиот претставник за денеска, Георги Димитров, управувачки партнер во „Георги Димитров Адвокати“ ќе говори за Управување со правните ризици во компаниите: одредување на процентот на правен ризик во парничните предмети.
Марија Бојовиќ, управувачки партнер во „Бојовиќ & партнери“ од Белград, пак ќе го отвори ппрашањето „Управување со правните ризици поврзани со професијата адвокат: договори со клиенти, исклучување на одговорност, доверливост, професионална одговорност, етичко однесување“.
Невен Вранковиќ, одговорен во Атлантик Груп за преземање на Дрога Колинска ќе го сподели своето искуство во однос на преземањето на оваа компанија.
Последно, но не помалку битно, излагање ќе има Борис Шавориќ, управувачкиот партнер од хрватското адвокатско друштво „Шавориќ и парнери“, кој акцент ќе стави на „Приватизацијата на јавните претпријатија – правни ризици и тактики за подобрување: Случајот со Хрватска“, по што ќе бидат изнесени заклучоците од конференцијата.