24 октомври, 2013 09:06
paula
/ Прочитано:
Скопје – центар на правото во Јужна Европа: Стартуваше првата регионална конференција за управување со правните ризици
Четврток, 24 октомври 2013/ 11:20 – Светската правна елита денеска пристигна на првата регионална конференција за „Предвидување и управување со правните ризици во организациите“ во организација на АКАДЕМИК што се одржува во хотелот „Александар Палас“. На дводневната конференција триста учесници ќе имаат можност да ги слушнат врвните дванаесет еминентни предавачи од регионот и од светот кои ќе зборуваат за своите искуства и ставови во однос на правните ризици. Настанот со поздравен говор го отворија македонскиот адвокат Георги Димитров и претседателот на Адвокатската комора на РМ (АКРМ) Никола Додевски.
Говорејќи за структурно управување со правните ризици во јавниот сектор, прва свое излагање денеска имаше Билјана Бришкоска – Бошковски, заменик министер за правда. По Бришкоска – Бошковски, најпознатиот адвокат, кој стапнува на почвата на Македонија, барем според вредноста на проектите со кои раководи, Тим Џоунс зборуваше за правната координација на Олимписките игри во Лондон.
Најдобриот меѓу хрватските кривичари, Анто Нобило, пак, ќе говори за правните ризици поврзани со Хашкиот трибунал. Во регионот познат по неговиот успех во Трибуналот, а неговите колеги го опишуваат како несомнено способен, интелегентен, фокусиран, непоколеблив, ладен, бескрупулозен и опсесивно конкурентен.
Илијанчо Гаговски, претприемач од Македонија, кој ја води и развива првата директна инвестиција на голема IT компанија во Македонија, „Microsoft Македонија“. На конференијата ќе зборува за темата како технологиите помагаат во одредувањето и управувањето со правните ризици: апликации за управување на правните предмети.
Денешниот ден ќе го затвори Оја Дениз Каваме, адвокатката од најпознатото адвокатско друштво во Турција, „Aksan Law Firm“, која ќе зборува за одредување и управување со правните ризици поврзани со концесиски договори.
Конференцијата продолжува утре за кога е предвидено свое излагање да имаат:
- Јан Трзасковски, Бизнис школа Копенхаген (Jan Trzaskowski, Copenhagen Business School) (Данска): Правни ризици во меѓународната трговија и маркетинг.
- Блеин Бортник, Лидл & Робинсон, ПОО (Blaine Bortnick, Liddle & Robinson, LLP) (САД): Како организацијата ги планира и се справува со правните ризици во врска со работните односи: правни ризици во споровите во врска со менаџерските договори.
- Георги Димитров, Георги Димитров Адвокати (Georgi Dimitrov, Georgi Dimitrov Attorneys) (Македонија): Управување со правните ризици во компаниите: одредување на процентот на правен ризик во парничните предмети.
- Марија Бојовиќ, Бојовиќ & Партнери (Marija Bojovic, Bojovic & Partners) (Србија): Управување со правните ризици поврзани со професијата адвокат: договори со клиенти, исклучување на одговорност, доверливост, професионална одговорност, етичко однесување.
- Невен Вранковиќ, Атлантик Груп (Neven Vrankovic, Atlantic Group) (Хрватска): Превземање на ДРОГА Колинска.
- Борис Шавориќ, Шавориќ и партнери (Boris Savoric, Savoric and Partners) (Хрватска): Приватизација на јавните претпријатија – правни ризици и тактики за подобрување: Случајот со Хрватска.