Слабости и злоупотреба на законите, се вели во извештајот на ДКСК, кој е пред Комисијата за политички систем
Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата е пред собраниската Комисија за политички систем.
„И во 2020 година се потврдија наодите за бројни слабости во законите и нивна злоупотреба, особено при вработувања во јавниот сектор по принцип на влијанија (партиски, роднински, пријателски), злоупотреба на функции и овластувања при издавање разни дозволи, одобренија, договори, создавање услови за фаворизирање на компании и слично.
За подобрување на своето работење, ДКСК донесе нови акти за внатрешна организација и систематизација на работните места во Секретаријатот, изработи апликација и Критериуми за приоритетизација на предметите, го измени Деловникот за работа и обезбеди онлајн одржување на седници и колегиуми, како и работа од дома на вработените. Покрај проблемите што се почувствуваа во целата држава произлезени од ковид-кризата, ДКСК продолжи да се соочува како со старите така и со нови проблеми во своето работење“, се посочува во извештајот.
„Зголемената свесност и храброст на граѓаните да пријавуваат незаконитости и нерегуларности во работењето на службените лица придонесе ДКСК во текот на 2020 година да прими 550 пријави од граѓани со сомневања за постоење коруптивно однесување, злоупотреба на јавната функција, постоење на судир на интереси, и оформи 102 предмети по сопствена иницијатива“, се констатира во извештајот на Комисијата.
Од областа на корупцијата, Комисијата донела одлуки по 378 предмети. Од областа на судирот на интереси – 157 предмети. За непочитување на забраните во текот на изборен процес одлучила за сите 33 пријави, а од областа на проверка на податоците од анкетните листи одлучила по 38 пријави.
Ако се анализираат податоците само за 2020 година, се вели во извештајот, очигледно е дека, исто како и во минатата 2019 година, најголем број на поднесените пријави се со наводи за постоење сомнеж за коруптивно однесување на службените лица.
Согледувајќи ја неопходноста за податоци и информации по области, институции, професии, процеси или појави за кои од страна на граѓаните или медиумите најмногу се пријавуваат сомнежи за незаконско постапувања, ДКСК во текот на 2020 година разви апликација со која се овозможи разграничување на пријавите по области: извршна власт, судство, образование, здравство, урбанизам, локална власт… но и по видови проблеми: спроведување на јавни набавки; вработувања; инспекциски надзор; издавање одобренија, решенија, лиценци и дозволи; судски одлуки итн., за да се утврдат областите со највисок ризик од корупција.
„Со анализираните пријави – 436, се потврдува фактот дека правосудните органи, извршната власт, институциите кои одлучуваат во сферата на урбанизмот и општините, се перципирани како области со најголем ризик од корупција, злоупотреба на службена должност и можност за судир на интереси, со што се потврдија сферите дефинирани и во Националната стратегија за борба против корупцијата. Понатаму, анализирајќи за кои појави или процеси најмногу се наведуваат состојби на незаконско постапување, со опфатените пријави исто така се потврди фактот дека најмногу се пријавува за злоупотреба на службена должност при вработувањата, издавањето на разни дозволи решенија (за градење), постоење на судир на интереси при донесување судски одлуки итн.“, се посочува во извештајот.
Антикорупциската комисија предлага донесување на Закон за потекло на имотот
Националната стратегија за спречување на корупцијата пред Комисијата за политички систем
Националната стратегија за спречување на корупцијата поднесена во Собранието
Донесена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси
Антикорупциската комисија отвори предмет за Кочо Анѓушев
Тркалезна маса за Националната стратегија за спречување на корупцијата
Работилница за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси
Прв квартален извештај од следењето на Антикорупциската комисија
Преку отчетни институции до ефикасна борба против корупцијата
Конференција „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“
Антикорупциската комисија отвори нов предмет за договорот за детска кардиохирургија
Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија
Започна проектот за следење на работата на Антикорупциската комисија
КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО
Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи
Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари
Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна
Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации
Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место
Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата
Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција
Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата
Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата
Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение
Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
М.В