/ Прочитано:

410

Следната недела ќе се одржи 39. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

„39. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка ќе се одржи на 1 јули 2021 година (четврток) со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“. На сесијата ќе бидe презентиран трудот: „Влијанието на претприемaштвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден Исток и Северна Африка): со осврт на Северна Македонија“, од Рејхан Сулејман.

За овој труд, Рејхан Сулејман ја доби Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година (прва награда).

Сите заинтересирани за учество на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето учество најдоцна до 30 јуни 2021 година (среда) на е-адресата: info@nbrm.mk. По најавата на учеството, на сите пријавени учесници ќе им бидат испратени информации за најава на е-платформата на која ќе се одржи сесијата.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што подетални информации се достапни на веб-страницата на Народната банка“, соопштуваат од Народната банка.

М.В