/ Прочитано:

1.001

Слободата на изразување подразбира различни гледишта без оглед дали некому му се допаѓаат или не

„По последните закани упатени кон новинарот Бранко Героски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги сака уште еднаш да нагласи дека каков било обид за спречување на слободата на изразување е неприфатлив. Новинарите и медиумите мора да бидат оставени да ја работат својата работа професионално, а сите субјекти, институции и јавноста воопшто треба да прифатат дека слободата на изразување подразбира различни гледишта, без оглед дали некому му се допаѓаат или не“, се вели во соопштението на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

М.В