Словенeчки судија од судот во Стразбур обвинет за пропагирање сексизам во родната земја
Понеделник, 15 2013 – Словенечкиот судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Боштјан Марија Зупанчиќ, во својата родна земја е обвинет за пропагирање сексизам. Зупанчиќ (66) е истакнат словенечки правник, филозоф и публицист. Завршил право во Љубљана и докторат одбранил на Харвард, по што работел како визитинг професор во различни земји.
Во својата родна Словенија, Зупанчиќ е познат со своите скандалозни предавања, интервјуа и есеи за „феминизирањето“ на мажите. Медиумите пишуваат дека неговите дела влијаат негативно врз развојот на општеството. Зупанчиќ тврди дека таа промена е појавена заради генетски промени како последица на загадувањето на животната средина, но и заради се поголемото влијание на мајките врз синовите, што како последица ги има генерациите „мамини синови“, склони кон социопатолошко поведение. Судијата зборува и за појавата на „патолошки нарцисизам“ на високите политички функции и во деловниот свет, што довело не само до финансиска, туку и до морална криза. Во развојот на оваа своја теза, Зупанчиќ, меѓутоа, не се повикува на никакви истражувања, кои би ја поддржале.