/ Прочитано:

814

Словенечкиот Уставен суд: Задолжителната вакцинација за државните службеници е спротивна на Уставот

Словенечкиот Уставен суд  утврди дека уредбата на Владата со која се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е во спротивност со Уставот.  Според судот, условот дека во државната управа на работа може да доаѓаат само „вакцинирани и прележани“ е еднакво на задолжителна вакцинација, што е не е во согласност со Уставот и со прописите. Одлуката на Владата, образложуваат од словенечкиот Уставен суд, не е во согласност со членот 120 од Уставот и не е во согласност со законските услови во врска со вакцинацијата на вработените одредени во Законот за заразни болести. Претходно, на иницијатва на синдикатите Уставниот суд ја суспендираше одлуката на Владата.

Скрининг на вакцинирани во администрацијата и дополнителни студии за предложените мерки

Членот 32 од Законот за работните односи на кој се повикува министерот за здравство за вакцинацијата

Плаќањето на ПЦР тестот да биде на товар на работодавачите

УПОЗ: Противуставни се мерките во врска со вакцинацијата на вработените во јавниот сектор

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, реагираат синдикатите

Потврда за примена вакцина, потврда за прележан ковид или ПЦР негативен тест за вработените во јавниот сектор

М.В