Одборот за наворешна политика на словенечкиот Парламент едногласно го ратификува хрватскиот пристапен договор со ЕУ
Словенија е последната земја на ЕУ која го започна процесот на ратификација на хрватскиот пристапен договор кој мора да биде завршен пред први јули кога Хрватска ќе влезе во ЕУ. Главниот спор беше околу Љубљанска банка кој двете страни го решија со потпишување на меморандум за соработка на 11. март.
„Денеска е среќен ден за Хрватска и Словенија. Започнуваме ново поглавје во односите на двете земји“, изјавил министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец, пренесуваат тамошните медиуми.
Словенечката влада го потврди договорот уште минатата недела, но за неговата ратификација е потребно и двотретинското мнозинство на Парламентот што брои вкупно 90 пратеници. Најавено е дека договорот ќе биде ратификуван до крајот на март, што било потврдено и на денешната седница на Одборот.
Покрај Словенија, уште четири членки на ЕУ го немаат завршено процесот на ратификација на хрватскиот договор со ЕУ.