До крајот на месецот Словенија ќе го ратификува Пристапниот договор за влез на Хрватска во ЕУ, отстранета и последната пречка

Четврток, 7 март 2013 – Се гледа крајот на деценискиот спор меѓу Љубљана и Загреб, владите на двете земји се договориле како да го решат проблемот со „Љубљанска банка“, а за неколку дена Словенија ќе да потпише ратификацијата на хрватскиот Пристапен договор за влез на Хрватска во ЕУ. 

За понеделник е најавен крајот на деценискиот спор меѓу Словенија и Хрватска, постигнале компромисно решение за хрватските штедачи на „Љубљанска Банка“, а Владата на Словенија последна меѓу членките на европското семејство, ќе го ратификува Пристапниот договор за влез на Хрватска во ЕУ. 

За денеска е најавено хрватскиот премиер Зоран Милановиќ заедно со неговиот словенски колега Јанез Јанша да потпишат Меморандум за согласност меѓу двете влади. Меморандумот претставува договор меѓу Љубљана и Загреб за спорот околу „Љубљанска банка“. Од хрватската влада информираат деновиве ќе почне просецот на ратификација на Пристапниот договор. Словенија е единствена од 27 членки на ЕУ што воопшто не ја почнала ратификацијата. Со потпишувањето на Меморандумот отстранета е последната пречка меѓу Словенија и Хрватска, а ратификацијата се очекува да биде комплетно усвоена до крајот на овој месец. 

Банката за меѓународни спогодби (БИС) ќе го набљудува целиот случај со хрватските штедачи во Љубљанска банка, а според договорот меѓу двете влади, сите судскиот постапки пред хрватките судови ќе се стават во мирување. 

Неисплатените заштеди на Хрватите се од периодот 1992-1995 година. Преговорите околу долгот што „Љубљанска банка“ треба да и го врати на Хрватска датираат уште при крајот на 1995 година.