Јанша и Јанковиќ не го пријавиле имотот, Антикорупциска ги сомничи за корупција и злоупотреба на службената должност
– Тие средства не само што не се пријавени, туку се и изразито оптоварени со корупциски ризици, ризици на недопуштено лобирање, конфликт на интереси, а во најширока смисла и сомневање за злоупотреба на службената должност, се вели во извештајот.
Во случајот со премиерот на Словенија, заколнатиот политички „непријател“ на Јанковиќ од спротивниот табор Јанез Јанша, Комисијата утврдила дека тој го зголемил својот личен имот несразмерно и нејобасниво за најмалку 210.000 евра во однос на претходниот износ.
Ивештајот предизвика големо внимание и бурни реакции во Словенија. Претседателот на оваа држава, Борут Пахор, изразил загриженост поради резултатите, додека претседателот на Парламентот, Грегор Вирант инаку коалициски партнер на Јанша смета дека премиерот и опозициониот лидер Зоран Јанковиќ треба да поднесат оставка.
– Наводите на КПК се толку сериозни, што и двајцата треба да отстапат од своите функции. Нивната оствка е нужна, изјавил Вирант за тамошните медиуми.