/ Прочитано:

794

Словенија ќе го блокира влезот на Хрватска во ЕУ доколку не се повлече тужбата против „Љубљанска банка“

Среда, 19 декември 2012 – Словенија со закани до Хрватска, без повлекување на тужбата против „Љубљанска банка“, Словенците нема да ја потпишат ратификација за пристапниот договор на Хрватска со ЕУ.

Словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец порача дека Словенија нема да го ратификува пристапниот договор на Хрватска со ЕУ доколку тужбата против „Љубљанска банка“ не биде затворена пред хрватските судови. Ерјавец не верува дека две третини од пратениците во словенечкиот парламент онолку колку што се потребни за ратификација на овој договор, се спремни да се согласат на билатерално решение со кое Словенија треба да ја преземе обврската на плаќање на повеќе од 200 милиони евра на хрватските граѓани во некогашната Љубљанска банка во Загреб.

Претходно, словенечкиот преговарач Франце Архар и неговот хрватски колега Здравко Рогиќ пронашле решение според кое Словенија старото штедење во Љубљанска банка  ќе го отплаќа 20 или 30 години без камата. Но словенечкиот министер Ерјамец не се согласува со решението, тврдејќи дека тоа во ниту еден случај не е прифатливо за Словенија. 

Министерот потврдил дека добил голем број повици од граѓани кои не се согласуваат со решението бидејќи според нив Словенија не треба да плаќа долгови затоа што на никому не должи. 

Во јавноста се постави дилемата дали Словенија ќе ја блокира Хрватска при нејзиниот влез во ЕУ, но според Ерјавец доколку тужбата не биде повлечена, тогаш блокадата  Хрватска треба да си ја препише сама на себе.

Неодамна, Судот за човекови права во Стразбур пресуди, Србија и Словенија се должни да ги исплатат депозитите на некогашната „Љубљанска банка“, и „Инвест банка“ од Белград, на сите кои имале влогови во нив, без разлика на сегашното државјанство. 

>> Стразбур одлучи, Словенија и Србија ќе ги враќаат заштедите во „Љубљанска банка“