/ Прочитано:

792

Словенија најави Закон за електронско гласање на избори

Среда, 19 јуни 2013 – Словенија ќе донесе закон со кој ќе се овозможи електронско гласање, а гласањето преку Интернет за првпат ќе се примени на локалните избори што ќе се одржа на есен, идната година, најави словенечкиот министер за внатрешни работи Грегор Вирант,  пренесува Танјуг.

Вирант на прес-конференција во Љубљана го претстави планот според кој веќе идната година во пет општини во Словенија ќе биде извршено пробно електронско гласање на редовните локални избори.  

Овој начин на гласање, со кој се зголемува учеството на гласачите, на национално ниво ќе се примени за првпат во 2015 година, кога се предвидени следните редовни парламентарни избори.

Носител на проектот за воведување електронско гласање е Министерството за внатрешни работи.