/ Прочитано:

1.078

Случај „Писториус“: Инспекторот кој ја водеше истрагата тргнат од случајот бидејќи се соочува со обвинение, се очекува судот утре да донесе одлука околу кауцијата

Четврток, 21 февруари 2013 – Одбраната на јужноафриканскиот олимпиец Оскар Писториус и обвинителството ги дадоа завршните аргументи. Адвокатот кој е на чело на тимот што го брани Писториус побара да се намали степенот на делото – убиство со умисла, посочувајќи дека обвинителството нема материјални докази кои го докажуваат ова. Се очекува судијата утре да донесе одлука околу кауцијата. Во меѓувреме Хилтон Бота детективот кој ја водеше истрагата се соочува со обвинение за обид за убиство поради отв0рање оган врз минибус во кој се наоѓале 7 лица, па поради тоа е тргнат од случајот.

16:15 – Одбраната и обвинителството ги дадоа завршните аргументи. Адвокатот Бери Рокс посочи дека обвинителството нема материјални докази што докажуваат дека се работи за убиство со умисла. Според одбраната скандалот со инспекторот фрла дополнителна сенка на целиот случај. Обвинителството остана на своите укажувања од предходно, посочувајќи дека Писториус не треба да биде ослободен со кауција само заради тоа што се работи за светски позната личност. Се очекува судот утре да донесе одлука дали атлетичарот ќе остане во притвор или ќе се брани од слобода.

14:00 – Шефот на истрагата, детективот Хилтон Бота е тргнат од случајот откако се обелодени дека против него е покренато обвинение за обид за убиство. Местото на Бота ќе го заземе инспекторот Винеш Моно, кој според веб сајтот на јужноафриканската полиција има беспрекорен профил иако истиот од 1997 година не е aжуриран.

Бота е обвинет дека во 2009 година, заедно со двајца други полицајци во алкохолизирана состојба пукале во минибус кој не ја послушал наредбата да застане. Обвинението против него е привремено повлечено, но во среда е повторно обновено. Според инфомациите Бота треба во мај да се појави на суд.

10:30 – По два дена сослушување, обвинителите и одбраната ќе ги сумираат аргументите на денешното рочиштето. Наспроти тврдењата на одбраната дека Оскар Писториус пукал мислејќи дека се работи за провалник, обвинителството сепак покрена обвинение за убиство со умисла. Во меѓувреме, детективот Хилтон Бота, кој зборуваше за деталите од истрагата, се соочува со обвинение за обид за убиство, поради отв0рање оган врз минибус во кој се наоѓале 7 лица

Откако вчера детективот кој ја води истрагата за случајот Хилтон Бота, ги побиваше тврдењата на Писториус со појаснување на делови од истрагата, денеска медиумите со нови информации за детективот. Полицијата обелодени дека детективот се соочува со седум обвиненија за обид за убиство поради негово учество во пукање. Бота е обвинет дека во 2009 година, заедно со двајца други полицајци во алкохолизирана состојба пукале во минибус кој не ја послушал наредбата да застане. Обвинението против него е привремено повлечено, но во среда е повторно обновено. Според инфомациите Бота треба во мај да се појави на суд.

На вчерашното рочиште Бота укажа дека постои сведок кој вечерта меѓу 02:00 и 03:00 часот на 14.02.2013 слушал викотници кои доаѓаат од станот на Писториус, при што дал изјава на полицијата.  Во домот на Писториус детективот пронашол две кутии тестостерон, игли и инјекции. Во сефот во спалната соба полицијата пронашла и кутии со куршуми калибар 0.38 за кои Писториус не поседува дозвола, па најверојатно ќе биде обвинет и за нелегално поседување куршуми. Бота објасни како е убиена познатата манекенка, еден куршум завршил во нејзиниот лакт при што и ја скршил раката, друг куршум завршил во десната страна во нејзината глава, а последниот е пронајден во нејзиниот колк.

>> Сведоци ги побиваат тврдењата на параолимпиецот Писториус – велат слушнале кавга, па врисоци и пукање

Главниот адвокат на одбраната Бери Рокс ја обвини полицијата за пропуст и грешки за време на истрагата.

Во својот исказ Писториус наведе дека најпрво двајцата лежеле во креветот во спалната, потоа тој станал и се упатил кон балконот за да ја затвори вратата. Слушнал необични звуци кои доаѓаат од тоалетот за кои што тврди дека мислел дека се работи за провалник. Како што појасни го земал сопствениот пиштол, испукал 4 куршуми кон вратата од тоалетот, а потоа кога се вратил во спалната забележал дека неговата девојка не е во креветот. Во тој момент се освестил дека можеби деојката се наоѓа во тоалетот, кршејќи ја вратата со крикет палка  провалил во тоалетот, но веќе било доцна. Рива Стенкамп починала во неговите раце.