/ Прочитано:

833

Случајот против тајкунот Мишковиќ тест за Србија пред ЕУ

Среда, 19 декември 2012 – Истрагата која српските власти ја водат против тајкунот Мирослав Мишковиќ ќе биде тест пред Европската Унија за Србија и тамошните институции дали се доволно силни кога се во прашање вакви сложени случаи на корупција и финансиски малверзации. 

– „Капацитетот на јавните обвинители и полицијата кога станува збор за истраги за финансиски измами мора да се подигне на повисоко ниво. Од една страна обвинителството мора да демонстрира способност дека во повеќето случаи обвинението ќе опстане кога станува збор за случаи против добро финансиран тим – изјавиле од мисијата на ЕУ во Србија“, пренесува весникот „Блиц“.

Наспроти тврдењата на обвинителот за организиран криминал Радисављевиќ кој го води случајот против Мишковиќ и останатите осомничени во оваа афера дека постојат основани сомневање дека тие ги извршиле кривичните дела што им се ставаат на терет, адвокатот на тајкунот, Зденко Томановиќ е дециден дека неговиот клиент е невин.

– „Ниту Мирослав Мишковиќ, ниту неговиот син Марко не управуваа со компаниите или пак располагаа со средствата, тие само поседуваа акции“, посочува Томановиќ.

Најбогатиот човек во Србија и еден 100-те најбогати во светот, Мирослав Мишковиќ, неговиот син Марко и уште 8 други лица беа уапсени под сомнение дека злоупотребувајќи ја службената положба, извлекувале пари и имот од приватизирани компании за патишта, со што противправно се здобиле со 30 милиони евра. На дел од нив, меѓу кои и првоосомничените Мишковиќ, им беше одреден 30-дневен притвор. 

>> 30 дена притвор за српскиот тајкун, Мирослав Мишковиќ