/ Прочитано:

2.135

Случајот за насилствата во Општина Центар: Прислушуваните разговори и сведочењето на заштитениот сведок одбиени од страна на судијката Михајлова

Судијката Михајлова појасни дека дел од прислушуваните разговори не можат да се користат како докази во судскиот процес бидејќи, според неа, тие се прибавени на незаконит начин и спротивно на Уставот и на законите со кои се гарантираат човековите права. Што се однесува, пак, до нејзината одлука, односно одбивањето во овој процес да сведочи заштитен сведок, Михајлова образложи дека во согласност со Законот за кривичната постапка и со Законот за заштита на сведоци не е предвидено во случај за вакво насилство да биде користен заштитен сведок.

Основен суд Скопје

Дел од прислушуваните разговори, односно т.н. „политички бомби“, што ги објави опозицијата, како и сведочењето на заштитениот сведок, се одбиени од страна на судијката Татјана Михајлова да бидат користени како доказен материјал во судскиот процес поврзан со насилствата пред Општина Центар во 2013 година, а во кој се обвинети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште неколку советници од Општина Центар.

Специјалното јавно обвинителство ги товари за поттикнување насилство во 2013 година бидејќи, според СЈО и според т.н. „политички бомби“ што ги објави опозицијата, партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ го организирал нападот врз локалната самоуправа во Центар.

Судијката Михајлова појасни дека дел од прислушуваните разговори не можат да се користат како докази во судскиот процес бидејќи, според неа, тие се прибавени на незаконит начин и спротивно на Уставот и на законите со кои се гарантираат човековите права. Што се однесува, пак, до нејзината одлука, односно одбивањето во овој процес да сведочи заштитен сведок, Михајлова образложи дека во согласност со Законот за кривичната постапка и со Законот за заштита на сведоци не е предвидено во случај за вакво насилство да биде користен заштитен сведок.

Следното судско рочиште за случајот поврзан со насилствата пред Општина Центар е закажано за 22 февруари 2017 година.

А. Б.