/ Прочитано:

3.717

Смешни и апсурдни закони низ светот

Во САД, Азија, Европа, Австралија, итн. може да се сретнат многу бизарни и смешни законски одредби. Така на пример, во Мелбурн, Австралија се забранува носење розови кратки панталони во недела попладне, а исто така забрането е и капење на плажата Брајтон доколку капачите не носат костим за капење затворен до вратот. Во Сингапур, доколку некој е трипати казнет поради фрлање ѓубре или загадување на околината, во недела ги чисти улиците и повторува „јас сум загадувач.

Во повеќе држави во светот постојат интересни или чудни законски одредби кои во јавноста предизвикуваат смешни реакции  и кои обично се тема на популарни текстови од областа на правните прописи во светот.

Па така, може да се сретнат многу бизарни и смешни законски одредби во САД, Азија, Европа, Австралија итн. Во САД како федерација од 50 држави, Тексас и Илиноис се издвојуваат како држави со најголем број чудни одредби во законите.

Во градот Нормал, Илиноис, забрането е да им се прават гримаси на кучињата, додека во градот Декатур постои бизарно правило дека не смеете да управувате автомобил без волан. Во малото гратче Маунт Поласки, кое брои 1500 жители, момчињата смеат но девојчињата не смеат да фрлаат со снежни топки, додека во градот Блумингтон жителите на оддалеченост од 1 милја од центарот на градот не смеат да хранат птици. На тема птици, интересно е да се спомене и правилото дека во градот Кенилворт, петелот што кукурика мора да биде оддалечен 90 метри од последното населено место.

Исто така, и во државата Тексас постојат слични вакви прописи. Во тексашките градови Денисон и Бристол, доколку некој намерно ги покажува хулахопките што ги носи на себе, може да се соочи со затворска казна до 1 година, а доколку некој има намера да изврши кривично дело, должен е усно или писмено да ја извести жртвата во рок од 24 часа пред да ја оствари намерата.

Во Мелбурн, Австралија се забранува носење розови кратки панталони во недела попладне, а исто така забрането е и капење на плажата Брајтон доколку капачите не носат костим за капење затворен до вратот.

Во Финска, слично како и во Македонија, секој сопственик на стан или куќа, без оглед дали во домот има телевизор или не, мора да плаќа радиодифузна такса, а таксистите кои пуштаат музика во своите такси возила треба да плаќаат одреден надомест за авторски права.

Неколку интересни правила постојат и во Сингапур. На пример, скокањето банџи е забрането, а на хомосексуалците им е забрането да живеат во таа држава. Доколку некој е трипати казнет поради фрлање ѓубре или загадување на околината, во недела ги чисти улиците и повторува „јас сум загадувач“.

С. М.