/ Прочитано:

1.674

Сметководител имитирал потпис на нотарка и префрлал пари на сметката на неговата сопруга

Скопското обвинителство поднесе обвинение против сметководител кој изврши проневера во службата.

По спроведување на истражната постапка, обвинителството утврди дека обвинетиот водејќи  сметководство на нотарска канцеларија во Скопје, во периодот од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари.

Обвинетиот  неовластено пополнил и имитирајќи го потписот на оштетената нотарка потпишал 211 налози за пренос на парични средства. Средствата тој ги префрлал  од  оперативни сметки на нотарот од повеќе различни банки на банкарска сметка која нотарката ја имала во една банка, во која и сопругата на обвинетиот имала сметка. Потоа обвинетиот ги префрлил паричните средства од сметката на нотарката на банкарската сметка на неговата сопруга, од каде како овластен потписник ги подигнал во готово паричните средства“, велат од Обвинителството.

М.В