Со АКАДЕМИК ОБУКА до практично знаење за мобинг

Вторник, 24 септември 2013 – Македонија, годинава за првпат доби Закон за заштита од вознемирување на работното место: причините за неговото донесување, правилата за комуникација со вработените, судски постапки при наводи за мобинг… – за сево ова, информирајте се на АКАДЕМИК практичната обука која ќе се одржи во петок (27.09.2013) во деловниот центар Зебра.

Практичната обука, на 27 септември со почеток во 10 часот ќе ја отвори Стојан Трајанов, пензиониран државен секретар за труд во Министерството за труд и социјална политика, кој подробно ќе ве запознае со Законот за заштита од вознемирување на работното место, образложувајќи ги и причините на неговото донесување и усогласувањето со директивите на ЕУ. Преку практични примери, ќе биде воочена и разликата помеѓу мобинг и дискриминација на работно место. 

На вториот дел од обуката ќе имате можност да ја слушнете експертизата на Георги Димитров, управувачки партнер вo адвокатско друштво „Георги Димитров адвокати“, кој ќе говори за правилата за комуникација со вработени, а исто така ќе презентира и примери на дозволено и недозволено однесување на работното место. 

Последниот дел од обуката ќе го преземе судијата Санде Зиков од Основен суд Скопје 2, каде постапува по работни спорови. Судијата Зиков ќе зборува за судски постапки при наводи за мобинг и за посредување, а ќе се осврне и на избирањето на посредник, текот и исходот на постапката за посредување, како и судската заштита.

Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е резервирано доволно време за прашања и дискусија.