Со АКАДЕМИК практична обука до најнови сознанија за архивирање на документацијата, работата на Управната инспекција, постапката пред Управниот суд и заштитата на личните податоци

Во организација на АКАДЕМИК, на 25 и 26 октомври 2012 година, во деловниот центар Зебра ќе се одржи дводневна практична обука на теми: овластувања и постапки пред Управниот инспекторат по службена должност и по повод барања од странки, новиот Закон за архивски материјал,  управни тужби со посебен осврт на тужби за молк и Закон за заштита личните податоци.

Врвни обучувачи и за оваа практична обука на АКАДЕМИК

На првиот ден од практичната обука,  25 октомври, управниот инспектор Југослав Ѓорѓиевски од Државниот управен инспекторат ќе говори на теми: молк на администрација, вонреден инспекциски надзор и ќе укаже на најбитните мерки на инспекција. Вториот дел од обуката е резервиран за вишиот инспектор, Борис Најдовски кој ќе направи пресек на новиот Закон за Архивирање и меѓудругото ќе Ве запознае со правилата за архивирање.

Времени мерки, тужби по повод прекршочни одлуки на административни органи и расправното начело во постапката за управен спор се темите кои ќе ги отвори судија Рахилка Стојковска од Управниот суд, на 26 октомври. Во вториот дел од практичната обука на Академик, вишиот инспектор при Дирекцијата за заштита на лични податоци и раководител на одделение, Игор Кузевски ќе ја образложи постапката за администрирање на процесот за заштита на лични податоци кај правни лица.

Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е резервирано доволно време за прашања, дискусија и практични примери.