Со измените на Кривичниот законик нападот на врз новинар ќе се казнува како напад врз службено лице
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на дискусијата за заштита на новинарите, организирана од Шведската амбасада, кажа дека приоритет на Министерството за правда е создавање најдобри можни услови во однос на слободата на говорот и непречено работење на новинарите и медиумските работници.
„Со моето доаѓање на позицијата министер за правда започнавме интензивно да работиме на измени на Кривичниот законик со цел поголема заштита на новинарите. Измените се веќе готови и се во владина процедура. Најважно е што во иднина нападот врз новинар или медиумски работник ќе се казнува како и напад врз службено лице. За тоа се предвидени и затворски казни до три години. Дополнително, со казна затвор може да се казни и некој што се заканува на новинари, без разлика на кој начин е испратена заканата, односно дали е лична, преку интернет и слично. Закана е закана“, истакна Маричиќ.
Според министерот, доказ дека има напредок на во однос на подобрувањето на условите за работа на новинарите, говорат и повеќето меѓународни извештаи, како оние на Репортери без граници и на Стејт департментот, во кои и покрај тоа што се бележи напредок во слободата на медиумите во земјата, прецизно се детектираат и предизвиците на кои треба дополнително да се работи.
Министерот уверува дека и заложбата на Владата на ова поле е голема и дека нема отстапување од намерата за поголема правна заштита на новинарите.
Маричиќ: Во подготовка е нов Кривичен законик и нов Закон за потекло на имот
Неопходно е инкриминирање на фемицидот во Кривичниот законик
Адвокатите да достават предлози и забелешки за измените на Кривичниот законик
Казна затвор до три години за кривичното дело „Демнење“ како нова законска измена
Адвокатите да достават предлози и забелешки на Кривичниот законик
Измени на Кривичниот законик за заштита на новинари од напади при вршење на службата
M.В