/ Прочитано:

1.220

Со лажни фактури и финансиски малверзации ја оштетиле државата за 2,3 милиони евра

Вторник, 30 септември 2012 – Финансиската полиција извести дека поднела кривични пријави против 13 физички и едно правно лице од Скопје, кои се осомничени за злосторничко здружување, бидејќи со лажни фактури и финансиски малверзации незаконски заработиле 2, 3 милиони евра. Во криминалната мрежа, според соопштението била вмешана и познатата фирма „Еуроактива“ од Скопје, која како што се наведува го оштетила државниот буџет за 900.000 евра.

Во соопштението на финансиска полиција е претставена шемата како функционирале осомничените, за кои се вели дека се дел од злосторничко здружување. Неколку осомничени имале задача да формираат фирми, преку истите се плаќале лажни фактури, а на тој начин како што стои во соопштението се избегнувало да се плаќаат даноци и другите давачки кон државата. Организаторот пак, кој моментално издржува затворска казна од 6 ипол години поради нелегално поседување на оружје, според сомнежите на финансиска полиција наоѓал лица преку кои ја отежнувал даночната контрола на правните субјекти. Организаторот и сега првоосомничениот, на јавноста и е познат како сопственик на кафеаната „Стара виолина“, каде и беше уапсен минатата година. Финансиските инспектори сметаа дека првоосомничениот ги носел сите одлуки, самиот ги делел парите, го ставал под контрола функционирањето на фирмите.

Меѓу осомничените е и сопственикот на фирмата „Еуроактива“ за кого финансика полиција го сомничи дека го оштетил буџетот за 900.000 евра.

Осуммина од 13-те осомничени денеска се изнесени пред истражен судија во Кривичниот суд во Скопје, додека петмина од кои четворица Бугари, а еден Македонец, не се достапни за органите на прогон.