/ Прочитано:

1.093

Со новиот Закон за инспекциски надзор инспекцијата нема да се доживува како репресија, велат од МИОА

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција го претстави новиот Закон за инспекциски надзор, усвоен на последната владина седница.

„Целта е да се воведе нов концепт на инспекциски надзор преку планирање на инспекциите на основа на процена на ризик. Инспекциите нема да може повеќе да се користат како механизам за политички или економски притисок. Се постигнува и поголема транспарентност, предвидливост и правна сигурност за субјектите на инспекциски надзор. Процената на ризик ќе се прави при подготовката на годишниот план за работа на инспекциската служба. И најважно, со овој закон се воведува опомената пред изрекување на казна, како правило“, информираше министерот Манчевски.

Како што истакна Манчевски, инспекцискиот надзор ќе престане да биде механизам за полнење на буџетот. Субјектите најпрвин ќе добиваат опомена и рок да ја отстранат неправилноста, пред да се изрече казна. Само на таков начин инспекцијата нема да се доживува како репресија. Исклучок од ова ќе бидат случаите кога инспекторот ќе оцени дека утврдените неправилности можат да предизвикаат опасност по животот и здравјето на граѓаните, финансиска штета, загрозување на животната средина или загрозување на јавниот интерес.

„Со Законот се воведува и нов систем за стекнување на лиценца за инспектор, како и нов систем за постојана обука и стручно усовршување на инспекторите. Со досегашниот систем, никој нема да може да стане инспектор во следните неколку години, а се соочуваме со недостиг од инспектори. Предвидени се и повисоки плати за инспекторите, како и механизми за нивна поголема заштита при работата“, рече министерот Манчевски. Платите ќе се зголемуваат постепено. За 10% ќе бидат зголемени на почетокот на 2020 година, а ќе достигнат зголемување од 30% во 2022 година.

На Законот за инспекциски надзор се работеше подолго време, во еден инклузивен процес. Беа вклучени сите засегнати страни, а беше добиена и поддршка и од УСАИД. Беа одржани повеќе јавни расправи со цел да се добие закон којшто одговара на реалната состојба, закон што помага да се надминат проблемите и, пред сè, закон којшто создава поволна работна клима и за инспекторите, но и за субјектите на надзор. Овој закон позитивно ќе влијае на фирмите, особено за малите претпријатија, кои често мораа да затвораат заради утврдени неправилности при инспекциски надзор, без да им се даде шанса да ги отстранат неправилностите.

Опомената – примарна инспекциска мерка во Предлог-законот за инспекциски надзор

Предлози и забелешки за Законот за инспекциски надзор

Јавна расправа за новиот Закон за инспекциски надзор: Ќе се подобри квалитетот на работата на инспекциските служби

МИОА: Јавна расправа за Предлог-законот за инспекциски надзор

Реформата на инспекциските служби значајна за работата на компаниите

Се подготвува нов Закон за инспекциски надзор 

М.В