Со новиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја ќе се регулираат институционалните облици на соработка
Со новиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, ќе се отстранат недостатоците кои беа согледани од страна на практичарите во примената на досегашниот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, вели министерката за правда, Рената Дескоска.
„Она што е значајно е дека со новиот закон за првпат законски се регулираат институционалните облици на меѓународна соработка, односно соработката со ЕВРОПРАВДА (EUROJUST), Европската правосудна мрежа во кривичната материја (European Judicial Network in Criminal Matters – EJN), како и соработката со органите за финансиски истраги и конфискација на Европската Унија. Со тоа Република Северна Македонија продолжува со усогласување на домашното законодавство со европското во сферата на меѓународната соработка во кривичната материја“, вели Дескоска.
Со Законот за меѓународна соработка во кривичната материја се уредуваат условите и постапката за меѓународна соработка во кривичната материја.
Меѓународната соработка се врши согласно со одредбите од овој закон, освен ако со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Република Македонија или со правен акт кој ги регулира кривичните постапки на меѓународен суд чија надлежност ја признава Република Македонија не е поинаку уредено.
М.В